Имало луѓе во Бугарија кои печалеле и пари, како што видовме од бугарските пасоши во С. Македонија, ама во случајов ќе зборуваме за печалењето политички поени, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во интервјуто за ТВ Клан Македонија.
Ова беше одговор на македонската министерка на нејзиниот бугарски колега, Красимир Каракачанов.
Таа вели дека изјавата на Каракачанов е само „балканска изјава“. Шекеринска претпоставува дека од оваа изјава на Каракачанов „ќе се засрамел и неговиот премиер, Бојко Борисов“.
– Имало луѓе во Бугарија кои печалеле и пари, како што видовме од бугарските пасоши во С. Македонија, ама во случајов ќе зборуваме за печалењето политички поени, кое сме го виделе и во минатото и кое обично не завршува сјајно. Ама ако на прашање на вакцина и на здравје некој се труди да печали вакви поени тоа повеќе зборува за него, отколку за сите други, рече Шекеринска.
Каракачанов уште еднаш индиректно Македонците ги нарече Бугари. Тој кажа дека Бугарија донира вакцини не на соседи, туку на сонародници.