Личната заштита не’ прави безбедни додека сме на работа и секаде кога сме надвор од дома, објави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

– Да им помогнеме на здравствените работници, да ги почитуваме мерките, порача таа на Фејсбук.

Во духот на пораката Шекеринска ја промовира и својата заштитна маска, која е во тон со бојата на нејзината облека.