Министерот за одбрана на Бугарија Каракачанов ги злоупотреби во политички контекст бугарските инженерци, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на изјавата на Каракачанов дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во земјава на кои пишува „бугарски фашистички окупатори“.
-Еве денеска ги гледаме македонските инженерци, бугарските инженерци колегата Каракачанов ги кажа и по мене ги кажа и ги злоупотреби во еден политички контекст кој не доликува на држави членки на НАТО, рече Шекеринска од Криволак од каде со инженерците на Армијата беше на увид на патот кој се трасираше од Штип до Армискиот полигон.
Министерката прашана дали се видела со Каракачнов после неговата изјава, рече дека министерот за одбрана на Бугарија не бил присутен на последениот состанок на министри за одбрана на НАТО.