Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска објави дека преку видеоврска ќе заседава шпанскиот Сенат и ќе гласа за протоколот за НАТО.
– Во целиот стрес со вирусот и една добра вест: И покрај редуцираните активности Сенатот на Шпанија одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на С. Македонија во НАТО! Благодариме Шпанија!- објави Шекеринска на Фејсбук.
Претходно шпанскиот Сенат ги откажа седниците поради коронавирусот во оваа земја.