Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска денеска изјави дека ситно броиме до влезот во НАТО.

– Нашата мисија во седиштето на НАТО во Брисел. Во тек се последните подготовки. Одбројуваме ситно! Ние сме НАТО, објави Шекеринска на Фејсбук.

Министерката очигледно го прифатила војничкиот жаргон. Тие што служеле во АРМ или порано во ЈНА знаат дека „ситно“ е крупен збор што се употребува со извик пред соблекувањето на воената униформа и враќањето во цивилен живот.