Пожарот во кој гори нискостеблеста шума и сува трева околу манастирот „Св. Преображение“ кај Крушево доцна синоќа беше локализиран и ставен под контрола, но во текот на денов повторно се разгоре.

Огнот го става во голема опасност манастирот „Свето Преображение“, познат и како манастирот на Тоше Проески.

Семејството на Проески испраќа јавни апели за помош, се бараат доброволци кои ќе помогнат во гаснењето на пожарот.

Манастирот „Свето Преображение“ е завет на Тоше Проески кој почна да го гради.