Добредојде за министерот за одбрана на Република Албанија, Нико Пелеши, му посака министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Нашата одбранбена и сојузничка соработка ја зацврстува безбедноста во регионот и ја испраќа пораката дека заеднички е заслужено и местото ЕУ. Со колегата Пелеши се договоривме да ја зголемиме соработката во заедничките обуки и образование, во борбата со лажни вести и во кризниот менаџмент. Заедно сме посилни!- објави Шекеринска на Фејсбук.
Албанската делегација, која во Скопје ја предводи министерот Пелеши, денеска ќе биде примена и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседателот на државата Стево Пендаровски.