Соработката во одбраната со Грција во последната година интензивно се развива, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Тоа било констатирано на денешната средба со грчкиот амбасадор во Република Македонија.
– Соработката во одбраната со Грција во последната година интензивно се развива – се согласивме со амбасадорот Русос Кундурос. Напролет, грчки војници пристигаат на Криволак на меѓународната вежба Одлучен удар 21, објави Шекеринска на Фејсбук.
Грција сега го чува и македонското небо, а грчки војници напролет во Македонија доаѓаат и на копно.