Собранието вчера го усвои Законот со кој се овозможува продажба на становите кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА.
Честитки!, напишна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот ФБ профил.
– После долги години, корисниците на овие станови ќе можат да ги откупат становите во кои живеат одамна, а во буџетот ќе се влеат дополнителни средства од продажбата. Ставивме крај на повеќедецениска неизвесност и правна несигурност. Покажавме грижа кон наши сегашни и поранешни вработени и воени пензионери. Дадовме пример за одговорност кон државниот буџет и државниот имот, објави Шекеринска.
На нејзиниот фејсбук таа упати благодарност до пратениците кои, како што вели, го предложија законот и до Парламентот што покажа слух и го изгласа.