Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ, се вели во честитката на сега веќе бившата заменичка на претседателот на партијата, Радмила Шекеринска.
– Честитки и за реизбраните. Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат. Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно. Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани. Да живее СДСМ!- објави Шекеринска на Фејсбук.
Шекеринска ја изгуби партиската функција, во нејзината партиска фотелја сега ќе седи директорката на УЈП Соња Лукаревска, а за утеха и останува министерската фотелја во Министерството за одбрана.