Ние како Влада ќе напраиме се што е можно да не бидеме заложници на историјата, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Треба да изнајдеме европски решенија. Ние како Влада покажавме дека сме подготвени на изнаоѓање компромиси, но кажуваме „не“ за предлозите кои се неприфатливи. Желбата на премиерот е да отвори повеќе врати за соработката меѓу Македонија и Бугарија, рече Шекеринска.
Министерката, одговарајќи на новинарски прашања, ги повтори зборовите на премиерот дека фашизмот нема етничка боја и нагласи дека во односите на Македонија со Германија, или Германија и Франција, не доминира темата за фашистичкото минато од 40-тите години.
– Историјата треба да се памти, но треба и да се запрашаме дали да ги носиме одлуките денеска според она што се случило пред седумдесет години, заклучи Шекеринска.