Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се пофали со уште еден успех во осовременувањето на македонската армија и нејзините потенцијали.

– Армискиот полигон Криволак добива нова инфраструктура – во камповите за обука Стрела и Зима поставени се пречистителни станици и се изведуваат сосема нови санитарни јазли. Криволак прераснува во современ и модерен армиски полигон, објави денеска министерката Шекеринска.

Нејзината објава на Фејсбук е илустрирана со повеќе фотографии од овој инфраструктурен зафат во одбраната на Македонија.