Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска денеска и утре ќе престојува во посeта на Португалија.
Како што соопшти Прес-службата на Алијансата, предвидено е денеска Шекеринска во Лисабон да се сретне со португалските министри за надворешни работи Пауло Рангел и за одбрана Нуно Мело, како и со претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело.
Утре Шекеринска ќе ги посети Командата за поморските ударни и сили за поддршка на НАТО, Агенцијата за комуникации и информации на Алијансата, како и Заедничкиот центар за анализа и научени лекции.
Предвидено е Шекеринска да има и обраќање на Католичкиот универзитет, по што ќе следи сесија на прашања и одговори со присутните.
Фото: Архива




