САД, Јужна Кореја и светот силно и јасно ќе одговорат, доколку Северна Кореја изврши нуклеарна проба, предупреди денеска заменичката на американскиот државен секретар, Венди Шерман.
– Било каква нуклеарна проба би претставувала целосно кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации и ќе повлече со себе брз и силен одговор. Јас верувам дека не само Јужна Кореја, САД, Јапонија, туку целиот свет ќе одговори силно и јасно, изјави Шерман, по разговорот со нејзиниот јужнокорејски колега, Чо Хјун-Донг.
Нејзината изјава следува по истреланите осум проектили земја од источниот брег на Јужна Кореја, од страна на јужнокорејските и американските сили во текот на вчерашниот ден. Тоа беше нивен одговор на неделното лансирање неколку балистички проектили со краток дострел од севернокорејската страна.Шефот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, Рафаел Гроси, вчера истакна дека Северна Кореја продолжува да ја шири својата главна нуклеарна централа во Јонгбјон.