Националната телевизија на Србија (РТС) синоќа објави „шест работи кои морате да ги знаете за аферата Рекет“.
Јордан Камчев
Најбогатиот Македонец според Форбс беше притворен во ноември минатата година како осомничен во случајот „Империја“, но неговото заминување во притвор падна во сенка во истиот период кога поранешниот премиер Никола Груевски ја напушти Македонија и побегна во Унгарија.
На изненадување на сите Камчев беше пуштен од затворот во Шутка од страна на Катица Јанева, првиот човек на СЈО која објасни дека оваа одлука е лична и дека тој нема да побегне од куќен притвор.
Боки 13 рекетар
Бојан Јовановски кој е позната реалити ѕвезда во регионот е уапсен кон средината на јули на граничниот премин со Грција, а е осомничен за рекетирање на Камчев на кој му било ветено ослободување од случаите во СЈО, Боки е уапсен заедно со Зоран Милески Кичеец.
Боки се најде зад решетки поради тоа што во јавноста излегоа видео снимки на кои се гледа како тој му зема рекет во висина од милион евра на бизнисменот.
Луј Витон Доказ
Боки 13 од Камчев барал осум милиони евра, а за возврат неговите врски со Катица Јанева и СЈО ќе го ослободат од случаите кои ги води СЈО против него. Тие пари никогаш не се исплатени. Подоцна во јавноста се шпекулираше и за други поскромни цифри, но осумте милиони евра подоцна паднале на шест, па четири милиони евра.
Сепак на крајот Боки добива само еден милион евра спакувани во „Луј Витон“ торба на 20 февруари годинава.
Катица Јанева, шефица на СЈО
Голема промена во политичкиот свет во Македонија стана Катица Јанева која од анонимен јавен обвинител стана преку ноќ најпознатата жена која има значителна улога во паѓањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ.
По апсењето на Боки 13 таа истиот ден си даде оставка, а во една прилика изјавувајќи „се ќе биде во ред“ на Камчев се потврди дека и таа е учесник во оваа афера.
Зоран Заев- премиер
Аферата „Рекет“ сериозно ја стресе владата на Македонија, а Заев од почетокот на аферата до денес има се поголем притисок од јавноста, па на крај експлодираше и изјави дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја срушат власта.
Ларис Гајсер- човекот кој ги спои сите актери во играта
„Ла Верита“ или „Вистина“ е италијански весник кој на својот Јутјуб канал објави три видео снимки од рекетирањето врз Камчев, како и разговорите на Боки Тредичи со Катица Јанева и Зоран Заев.