Шест годишно детенце денеска трагично го загуби животот откако паднало во реката Пена.

Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 14 часот преку Е-112 добиле пријава дека дете на возраст од 6 години во населба Красниќи во Тетово, паднало во надојдената вода на реката Пена.

Детето претходно си играло покрај брегот, а зад куќата каде живее.

-Неговата бремена мајка го забележала падот на детето и веднаш влегла во надојдената вода. По 50-тина метри, носена од брзата вода неколку мештани успеале да ја извлечат на брегот од реката, но за жал не и детето. Веднаш по дојавата, Центарот ги алармираше сите субјекти – екипите на Територијалните противпожарни единици, екипите на СВР Тетово, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брза интервенција ЕБР и тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со помош на чамци ја пребараа целата област. За жал и покрај брзата интервенција, телото на детето е извадено од реката во безживотна состојба, посочуваат од ЦУК.