Во изминатите 24 часа регистрирани се 246 нови случаи на Ковид-19, од направени 4.072 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Оздравеле 547 пациенти, а регистрирани се тројца починати во изминатите 24 часа и уште тројца од Регистарот за починати од ковид на Мој термин.
Во Скопје се регистрирани 145 нови случаи на ковид, што е повеќе од половината од новоинфецираните, во останатите градови има значително помалку новозаразени, па така во Струмица има 16, Прилеп – 14, Штип, Охрид и Битола – по 12, Кавадарци – 10, Неготино – 4, Струга, Гевгелија и Куманово – по 3, Велес и Ресен – по 2, Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се три починати лица на возраст од 53, 63 и 86 годинина. Двајца од починатите се од Скопје и еден од Струмица, а сите починале во болнички услови.
Пријавени се и тројца починати согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин се од Скопје, Тетово и Кичево на возраст од 68 до 86 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 225.730, бројот на оздравени пациенти е 212.927, на починати е 7.975, а бројот на активни случаи изнесува 4.828.