Предрасуди и заблуди за наставниците:
1) Наставниците имаат 4 месеци годишен одмор.
– Напротив, имаат исто одмор како и сите вработени.
2) Наставниците не знаат да ја користат технологијата.
– Напротив, знаат повеќе од просечен вработен, само со онлајн наставата се под директен увид на јавноста, како никој друг вработен.
3) Наставниците ништо не работат и по часовите се слободни.
– Напротив, имаат работа околу планирања, подготовки, електронски дневници, прегледување писмени, тестови, совети, обуки, натпревари, матурски испити, уписи…
– Повеќето држат и приватни часови.
4) Наставниците се „административци“
– Напротив, не влегоа во ниедно покачување на платата на административците
– Немаат К-15.
– Немаат бенефициран стаж.
5) Барањата на СОНК/наставниците се поголема плата!
– Напротив, барањата се:
а) колективен договор каде вредноста на минималната плата ќе се множи со коефициент на сложеност на работно место,
б) надоместок за превоз,
в) додаток за работа во комбинирани паралелки,
г) додаток за работа со ученици со посебни потреби,
д) додаток за прекувремена работа,
ѓ) К-15
6) На СОНК му било понудено 2.500 денари плус и одбиле.
– Напротив, било понудено во јуни да се расправа во собрание за предлогот кој не бил официјален документ, туку вербален/устен „договор“.
Не било понудено ништо по другите барања.
Да ги разбиеме предрасудите кон наставниците!