Поранешната ѕвезда на Милан, украинскиот фудбалер Андриј Шевченко деновиве објави книга (Форца џентиле) во соработка со Алесандро Алкиато.

„Форца џентиле“ – мојот живот, мојот фудбал е автобиографска книга на Шевченко напишана во соработка со Алкиато, автор на бестселерите за Анчелоти, Пирло и повеќе други книги посветени на ликови од италијанскиот фудбал од Серија А.

Некогашната украинска ѕвезда Шевченко во книгата објавува многу интересни настани и детали од годините што ги помина во италијанскиот фудбалски гигант Милан, меѓу кои и за контроверзното финале во Истанбул на 25 мај 2005 година. Тогаш на Милан му се лизна титулата во Лигата на шампионите во финалето со Ливерпул, драма во која актер беше и Шевченко.