Ако сакаме паркови во Скопје (како исушената ливада пред ГТЦ) неопходен е попис и покрај пандемијата од коронавирусот, апелира градоначалникот Петре Шилегов.

– Успешен попис за локалната самоуправа значи подобро испланирана инфраструктура, добро испланирани паркови, плоштади, јавни простори, одржлив сообраќај, развиена локална економија, зголемена енергетска ефикасност и здрава животна средина, апелира Шилегов во неговата објава на Фејсбук.

Тој смета дека без попис не може да се води ни гранап, а не велеград како Скопје.