Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов по повод прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој го обвини дека како градоначалник склучил консултантски договор со сопственото адвокатско друштво за 50.000 денари месечно, демантиршае истакнувајќи дека се очигледни стравот и немоќта на ВМРО-ДПМНЕ да одговори на новите градски политики кои тој ги креирал во изминативе три години и чии резултати се од ден на ден биле повидливи, па поради тоа креирале лаги и манипулации.
Шилегов објаснува дека уште како пратеник во Собранието имал склучено договор за консултантски услуги со сопственото адвокатско друштво кое го плаќа него.
Тој додава дека град Скопје и тој како градоначалник немаат склучено никаков договор и ниту еден денар од градската каса не е влезено во неговото адвокатско друштво
Очигледна е безидејноста, очигледен е стравот, очигледна е немоќта на ДПМНЕ да одговори на новите градски политики кои јас ги креирам во изминативе три години и чии резултати се од ден на ден се повидливи и добро прифатени од граѓаните. Кога е таа структура во прашање тргнуваат кон креирање на лаги, на манипулации. Денеска од страна на портпаролот беше искажана една голема лага да се прикаже дека јас како градоначалник сум го плаќал сопственото адвокатско друштво за консултантски услуги.
Вистината кога е ДПМНЕ во прашање е секогаш на обратна страна. Јас уште како пратеник во Собранието имам склучено договор за консултантски услуги со сопственото адвокатско друштво кое ме плаќа мене. Еве го договорот во 2015 и месечниот приход кој е уредно пријавен во анкетниот лист и предаден во Антикорупцсика комисија кога станав градоначалник. За тие средства од 50.000 денари уредно плаќам данок. Ги повикувам, да се радуваат на развојот на нашиот град, на она што градот изминативе три години чекор по чекор го постигна.
Град Скопје и јас како градоначалник немаме склучено никаков договор, ниту еден денар од градската каса не е влезено во моето адвокатско друштво. Јас земам сопствени пари од моето адвокатско друштво – реагира Шилегов