Стационарот за вдомување кучиња скитници со кој ќе раководи новото ЈП „Лајка“, според нашите проценки, се очекува официјално да биде отворен наредната недела, информира на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој истакна дека утре е контролата од Агенцијата за храна и ветеринарсто, од каде, како што рече, очекуваат да го добијат документот за „Лајка“ да почне со работа.

– И халата каде што требаше да се спроведе струјата е завршена. Јас мислам дека ќе се создават услови за вдомување на кучињата, но да не прејудицираме. Агенцијата храна и ветеринарство нека си ја заврши својата работа. После тоа, очекувам да биде позитивно мислењето, да може да функционира, рече Шилегов.