„Перверзијата на вашето владеење, во лудилото, во општина Ѓорче Петров, општина наречена по еден од нашите најголеми револуционери, да ставите една улица која се вика „Борис Сарафов“, човекот што го убил Ѓорче Петров, вие му дадовте улица. Г-дине Трајановски, кои пораки ги пративте вие кон јавноста…“!
Ете како во вечерашниот дуел со Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, го опиша „перверзното“ владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, Борис Сарафов е убиен во 1907 година од Тодор Паница, по нарачка на Јане Сандански.
Ѓорче Петров пак е убиен во 1921 година, така што Сарафов не бил баш во можност таа 1921 година да го застрела Ѓорче. Инаку, се смета дека Ѓорче е убиен по нарачка на Тодор Александров, што би значело дека Александров е негативна личност за нашата историја. Но, Александров е убиен по нарачка на Внчо Михајлов, што пак го прави позитивна личност во нашата историја, но ова е прекомплицирано за СДСМ.
Инаку, една од првите одлуки на Александров по стапувањето на чело на ВМРО е организацијата да му дава пензија на таткото на Гоце Делчев, Никола, кој дотогаш практично бил без средства за живот.
Патем, Борис Сарафов е еден од тројцата членови на Битолскиот револуционерен штаб за време на Илинденското востание, близок до Гоце Делчев бидејќи двајцата сметале дека треба да се поддржат терористичките акции.
Меѓутоа, за разлика од Делчев, Сарафов бил и за кревање на Илинденското востание. Тоа го носи на чело на Илинденското востание во Битолско, заедно со Даме Груев и Анастас Лозанчев. Така што, ако го сметате Борис Сарафов за некомпатибилен со значајните револуционери како Ѓорче, тогаш, во таа група некомпатибилни секако би сапаѓал и Даме. А не спаѓа. Толку од Петре историчарот.