Предизвикот што го ставивме на маса е голем. Очекувам дека и останатите политички партии ќе го следат примерот на СДСМ, независно каков е нивниот моментален статус, дали се на власт или во опозиција, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
– Очекувам дека опозицијата конечно ќе се оддели од криминалното минато, ќе го осуди криминалот што го правеа нејзините луѓе, а не да ги штити, рече Шилегов.
Тој очекува оставки и во ВМРО-ДПМНЕ.
– Очекувам наместо да промовираат примитивизам и фашизам во македонската политика да станат една вистинска граѓанска десничарска партија, рече Шилегов.
Прашан која е причината за промената во СДСМ и дали е задоволен од работата на партијата Шилегов подвлече дека проценката била дека треба да се направи рестаритирање на партиските структури што неминово ќе доведе и до рестартирање и на држваните институции.
Додаде дека за една и пол година како градоначалник на Скопје во принцип е задоволен од работата на блиските соработници и оти не функционира на начин да прави произволни и паушални решенија, туку студиозни што ќе остават иднина за градот.