Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се закани со притвор за лицето што го оштетило зелениот покрив на ГТЦ.
– За демолирањето на зелениот покрив на ГТЦ ќе бараме притвор за сторителот бидејќи не можеме како Град да дозволиме да биде уништувано јавното добро, да биде уништувано она што го правиме со парите на граѓаните, изјави Шилегов.
Тој, како што е познато, беше активен учесник во гушкањето на ГТЦ, но и во шарената револуција, кога беа демолирани многу објекти и фасади во Скопје.