Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска изјави дека се создадени услови за да биде отстранета галијата што се наоѓа во близина на стара пошта, без опасност Градот да сноси какви било финансиски импликации.
– Создадени се услови и во рок од 30 дена, сметано од денеска, корисникот треба да го отстрани она што се нарекува урбана опрема. Во спротивно по истекот на рокот, Градот на негов трошок ќе го направи тоа, по 10 април оваа година, нагласи Шилегов.
Градоначалникот појасни дека според направените анализи, објектите од проектот „Скопје 2014“, што се наоѓаат во коритото на реката Вардар сериозно можат да предизвикаат поплави кои ќе нанесат материјална штета и ќе ги загрозат безбедносата и здравјето на скопјани.
Тој изрази очекување дека во иднина ќе се создадат услови за отстранување и на останатите галии.
Шилегов во повеќе наврати деновиве на социјалните мрежи, сега пред избори, се обидува да го сврти вниманието на граѓаните, па најавува „големи акции против Скопје 2014“, а една од нив е и денешнава најава.