Социјалдемократскиот сојуз вечерва во 18 часот во скопскиот хотел „Александар Палас“ ќе го одржи 24. Конгрес на кој се очекува да бидат објавени сите носители на листи и кандидати за претстојните парламентарни избори.

Согласно агендата, конгресот ќе има отворен и работен дел, а на почетокот на отворениот дел ќе се обрати лидерот на партијата Зоран Заев.

Од СДСМ информираат дека преносот во живо од обраќањето на Заев може да се следи и на неговата официјална Фејбук страна и на Јутуб каналот на СДСМ, а како што вчера беше најавено, на изборните листи ќе одат со тн. машко-женски тандеми, односно „фифти-фифти“ кандидати кандидатки за пратеници и пратенички.