Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред да дојде на власт водеа кампања за намалување на казните, а сега објавува предупредувања до граѓаните каде паркираат зашто за прекршителите им следува казна.

– Согласно Закон за комунални дејности и Одлука за комунален ред на Град Скопје член 25 и член 49, комуналните инспектори и комуналните редари ќе вршат засилени контроли и ќе бидат санкционирани сите возила кои се паркирани на јавна зелена површина како и на јавна површина. На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, казната изнесува 50 евра. Апел до сите возачи да се почитуваат сообраќајните знаци и да се грижиме за зелените површини, гласи предупредувањето до граѓаните кое го објави Шилегов.