МВР денеска регистрира уште три пријави на искасани граѓани од кучиња скитници во Скопје, како и еден случај во Струга.
На 16.10.2020 во 09.40 часот во Полициската станица Центар, В.И.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„11 Октомври“ бил каснат од куче скитник.
На 16.10.2020 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, С.Р.(68) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.
На 16.10.2020 во 19.15 часот во Полициската станица Карпош, Б.Ф.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Њуделхиска“ бил каснат од куче скитник.
На 16.10.2020 во 20.30 часот во Полициската станица во Струга, Л.Ж.(38) од с.Велешта пријавила дека на ул. „Маршал Тито“ во Струга била касната од куче скитник.
Како што објавивме, пред неколку дена, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со голема церемонија го пушти во употреба скапиот стационар на ЈП Лајка, во кој покрај клиничките услови со подно греење, операциона сала, оддел за интензивна нега има и оддел за кучиња кои каснале граѓани.