По победата во Талин со 1:0 минатиот вторник, речиси сите ја видоа Шкендија во второто коло во квалификациите за ЛШ. За жал, тетовчани денеска во Скопје претрпеа пораз од Естонците со 1:2, а поради повеќето голови во гости, тимот на Номе Калју се пласира понатаму.
Гостите од Естонија поведоа уште во шестата минута кога домашните играчи ги изненади Уге. Тетовци успеаја да израмнат во 62 минута после успешно изведениот пенал од страна на Ибрахими.
Израмнувањето ја врати надежта дека Шкендија ќе се прослава на овој натпревар уследи ладен туш во судиското надополнување од страна на Лилиу за 1:2, со што гостите од Естонија се квалификуваа во втората квалификациска рунда.
На прес – конференцијата по натпреварот, шефот на стручниот штаб на Шкендија изрази разочараност поради вечерашниот пораз и дека тој како тренер ја презема одговорноста за истиот.
Шкендија ги продолжува натпреварите во квалификациите за Лига Европа.