Македонскиот првак Шкендија и вицешампионот Шкупи на денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дознаа потенцијалните ривали за третото коло од Конференциската лига.

Доколку Шкендија биде поуспешна во двомечот со летонска Рига во рамки на 2. квалификациско коло, следен противник на тетовската екипа ќе биде подобриот од пресметката меѓу Фолгоре од Сан Марино и Хибернијанс од Малта.

Подобриот од двомечот меѓу Шкупи и португалската Санта Клара за противник во 3. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига ќе го има победникот од пресметката меѓу Биркиркара од Малта и словенечка Олимпија.

Второто квалификациско коло во кое Шкупи е домаќин, а Шкендија гостува во првиот натпревар, е на програмата на 22 и 29 јули, додека натпреварите од 3. квалификациско коло во третото по ранг европско клупско натпреварување ќе се играат на 5 и 12 август.