Во последниот натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шкендија и Силекс одиграа нерешено 1-1 (1-0).
Шкендија дојде во водство со голот на Тамба во 18. минута, но Манојлов во 53 минута му донесе израмнување и бод на Силекс од гостувањето на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Резултати 14 коло:
Шкендија – Силекс 1-1
Брегалница – Струга 1-2 (недела)
Вардар – Тиквеш 0-3 (сабота)
Скопје – Арсими 2-1 (сабота)
Шкендија Арачиново – Башкими 0-1 (петок).
Табела: Струга 32, Шкендија 28, Тиквеш 27, Вардар 24, Силекс 18, Шкендија Арачиново 18, Брегалница 14, Башкими 14, Арсими 10, Скопје 7




