Без победник заврши дерби натпреварот од 27. коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Академија Пандев, исход што најмногу му одговараше на лидерот Шкендија која ја зголеми предноста на врвот на табелата на големи 12 бодови.
Постигнати резултати на петте натпревари одиграни попладнево:
Беласица – Силекс 0:1
Македонија ЃП – Победа 3:0
Шкендија – Ренова 2:1
Шкупи – Работнички 1:2
Вардар – Академија Пандев 1:1.
Табела: Шкендија 62 бода, Вардар 50, Академија Пандев 46, Ренова 36, Работнички 36, Македонија ЃП 34, Шкупи 33, Силекс 28, Беласица 23, Победа 19.