Шкупи е поразен со 3:1 на гостувањето во Даблин, на првиот меч од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа, и тоа од тимот на Шамрок Роверс.

Шамрок поведе од пенал во 12.минута со голот на Бурк, а во 29 минута веќе водеше со 2:0.

Во финишот на средбата Куевен намали на 2:1, но во 97 минута студен туш за Шкупи кога Шамрок постигна гол и поведе со 3:1 што беше и конечен резултат.

Реваншот на овој натпревар од Лигата на Европа се игра во вторник во Скопје.