Фудбалерите на Шкендија продолжуваат со одличните игри во квалификациите за пласман во Лигата на конференции и во првиот натпревар од третото коло одиграа 1:1 во Стокхолм против АИК и во реваншот кој идниот четврток ќе се игра во Скопје, имаат одлична можност да обезбедат пласман во плеј-офот.

Тетовските „црвено-црни“ натпреварот го започаа фантастично, поведоа по само 26 секунди игра откако Ферхан Хасани успеа да одзеде една топка во половината на шведскиот тим и потоа со прецизен удар од работ на шеснаесетникот да ја затресе мрежата на Кристофер Нордфелд.  АИК до израмнување дојде во 17 минута и тоа со голот на Џон Гуидети и тоа беше и конечен резултат