Односите меѓу Русија и Иран достигнаа ново ниво и покрај противењето на голем дел од западниот свет, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, цитиран од британските медиуми.

-Ние спроведуваме цел спектар планирани активности и покрај противењето на САД и нивните западни сојузници, рече Шојгу, кој се наоѓа во посета на Техеран.

„Притисокот од санкциите врз Русија и Иран се покажува залуден бидејќи руско-иранската интеракција достигнува ново ниво“, додаде тој.