Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека неговата земја ќе помогне во опремувањето и модернизирањето на ерменските вооружени сили, пофалувајќи го Ереван како „ сојузник на Русија и клучен партнер во Кавкаскиот регион“.
Шојгу вети дополнителна поддршка за земјата кога му честиташе на својот ерменски колега Аршак Карапетјан на средбата во Москва, пренесоа руските медиуми.
-Ние придаваме големо значење на развојот на нашата соработка во воената област, како во билатерален формат, така и во рамките на ОДКБ (Организација за договорот за колективна безбедност). Истовремено, ние сме подготвени да продолжиме да помагаме во спроведувањето на реформата и програма за реопремување на ерменските вооружени сили. Задачата не е лесна, но мислам дека можете да се справите со вашето искуство, рече рускиот министер.
Карапетјан му се заблагодари на Шојгу за неговата подготвеност да помогне вообновувањето на борбените способности на неговите вооружени сили.
Тој нагласи дека неговата прва меѓународна посета како министер за одбрана е на Русија.
-Русија е единствената земја која обезбедува навистина опиплива безбедност за ерменскиот народ и денеска се занимава со безбедносни прашања не само во Нагорно Карабах, туку и директно на границите на Ерменија. Подготвени сме за многу тесна и ефективна соработка, рече тој.