Сојузот на синдикати на Македонија континиурано ја следи економската состојба во државата, а посебно од аспект на обезбедување на основни егзистенцијални права за достоинствен животен стандарт на работниците и граѓаните.
Како најголем и репрезентативен синдикат загрижени сме, и сметаме дека работниците и граѓаните ќе бидат доведени до тешка економска социјална положба, со зголемувањето на инфлацијата во државата.
Растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема за месец октомври рекордно достигна до 19,8% што влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население.
Сојузот на синдикати на Македонија ја изработи новата минималната синдикална кошница за месец октомври која достигна до 51 514,00 денари и истата е зголемена за 1 290,00 денари од претходниот месец септември која изнесуваше 50 224,00 денари од почетокот на годината јануари 2022 год. порасна за 15 703,00 денари. Во споредба со истиот месец октомври претходната година зголемена е за 16 940,00 денари.
Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домакинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец.
Овој процент на инфлацијата за месец октомври е нов аларм за синдикатите, затоа што платите не се зголемуваат но цените и натаму растат и покрај маржите. Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор .