Дете родено 2010 година починало во раните утрински часови од последиците на Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести, Д-р Фран Михаљевиќ, потврдиле за Јутарњи лист од болницата.

Проф. д-р. Горан Тешовиќ, раководител на Одделот за инфективни болести на децата на клиниката „Фран Михаљевиќ“, изјавил дека досегашните информации покажуваат дека детето немало претходни потврдени заболувања, а вирусот е потврден.

– Обдукцијата ќе ја утврди точната причина за смртта, но информациите што ги имаме во моментов се дека детето завчера имало висока температура, болки во грлото, главоболка и малаксаност, што е честа клиничка слика. За жал, смрт е констатирана утрово во 5.20 часот. Детето имаше 11 години и 5 месеци – рекол проф. Тешовиќ.

Тој додал дека ваквите исходи се многу ретки, но дека за жал може да се случат.