Веста за убиството на рускиот новинар и жесток критичар на претседателот Путин, Аркадиј Бабченко (44) која во вторникот го шокираше светот – била лажна.

Денес Бабченко се пјави на прес-конференција во Киев која беше емитувана на ТВ, жив и здрав. Васил Хритсак, шеф на украинската тајна службе, изјави дека убиството на Бабченко беше инсценирано за да се влезе во трага на руски агенти.

-Според информации кои ги добивме од украинските безбедносни служби, руски тајни агенти нарачале убиство на Бабченко, а ние успеавме тоа да ги спречиме-рече Хритсак.

Детали за убиството на Бабченко не беа објавени, но се говореше дека новинарот умрел на пат за болница, па затоа и не бил однесон до некоја од болниците, дека учествувале во неговата ликвидација најмалку две лица, дека бил убиен од зад грб…

Аркадиј Бабченко на својата сопруга не и кажал за местенката.

-Особено се извинувам на мојата жена Олечка, жал ми е, но немав друг избор-рече тој денес наТВ.

Бабченко притоа им се заблагодари на тајните служби што му го спасиле животот.

Коментирајќи го развојот на овој случај, Константин Косачев, претседавач со Комиететот за надворешни работи на рускиот Сенат, изјави дека станува збор за очигледна „измама во серијата лажни акции на украинските власти насочени против Русија“ и доаде дека му е жал што Бабченко бил дел од тоа.