Доктор Дејан Трајковски сподели дека статистиката покажува дека од вкупниот број на дијагностицирани пред 14 дена умреле 3,50%. Но, од сите коишто влегле во болниците пред 14 дена (просечното време на болничко лекување) до денес умреле вртоглави 34,8%! Поточно, од сите дијагностицирани 9,3% стигнале до болница, а од тие коишто влегле во болница 34,8% (секој трет) починале.
-Во меѓувреме нашите здравствени власти ги прошируваат болничките капацитети (каде што ќе умира секој трет), наместо да го сопрат разболувањето, страдањето и умирањето. Ама ете, процениле дека лекувањето и умирањето биле поевтината варијанта. А народ како народ, им верува, па дури и се радува што не мора да се лишува од довчерашните хедонистички навики и мисли дека умирањето им се случува само на некои други, коментира тој.