Неверојатна вечер во Лигата на шампионите:

Се започна со шокот што на Аталанта и го приреди украински Шахтјор со гол во 95 минутата и нерешениот резултат од 1:1 го претвори во победа од 1:2 на гостувањето во Италија.

Продолжи со шокантните 0:2 во првото полувреме за Бриж на гостувањето кај Реал во Мадрид. Реал намали со голот на Рамос во 55 минута, а само неколку минути ги делеа Белгијците од триумф кога во 85 минута Касемиро изедначи на 2:2.

Пресврт во Белград за триумф на Црвена Звезда. По водството на Олимпијакос од 0:1, белграѓаните со три гола во второто полувреме, третиот во 87 минута, ги победија Грците чии навивачи предизвикаа хаос на патот кон Белград.

ПСЖ победи во Истанбул со 1:0 против Галатасарај, Јувентус со 3:0 лесно го декласираше Леверкузен, а Атлетио Мадрид во свој стил, по нерешеното прво полувреме победи во Москва против Локомотива со 0:2.

Динамо Загреб се држеше против Манчестер Сити до 66 минута кога прими гол. Загрепчаните на кои сите им предвидуваа колапс против тимот на Гвардиола, своите шанси ги задржаа до крајта, кога Сити со гол во продлжението победи со 2:0.

Шлаг на вечерта, меѓутоа, се седумте гола на Баерн против Тотенхем.Иако победата на тимот од Минхен не е изненадување, сепак, никој не очекуваше резултат од 2:7, при што гостите постигнаа три гола после 80-та минута.

Трагедијата за Тотенхем е поголема ако се знае дека поведе со 1:0 уште во 12 минута. Но наместо пораз на Баерн следеа четири гола во мрежата на Тотенхем, потоа мало ублажување на резулатот од 2:4 за во последните минути да дојде до колапс со двата гола на Гнабри во 83 и 88 минута и голот на Левандовски во 87 минута. Фудбалски Лондон, се чини, ја има една од најтрауматичните вечери во историјата.