Бројот на вработени во Република Македонија опаднал за над 50 000 лица, кога ќе се споредат третиот квартал од 2022 година и третиот квартал кога СДСМ со Заев и ДУИ ја презеде власта во државата. Поточно, според Државниот завод за статистика, во третиот квартал лани вработени биле 693 062 лица, а според истата институција, Заев ја презеде власта од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со 743 451 вработено лице.

Намален е и бројот на активно население, што значи дека населението од Македонија забрзано се иселува. Така во третиот квартал 2017 година имало 954 814 работо способни и активни лица, додека во третиот квартал 2022 година таа бројка се намалила на 808 328 лица, или поточно кажано, речиси 150 000 лица ја напуштиле Македонија (при отприлика ист број на пензионери).

Сега е кристални јасно, дури и за тие што се како неверниот Тома, како оваа власт ја намалува невработеноста и како таа се спушти на 14,3 отсто одд 22,1 отсто при доаѓањето на Заев на власт. Населението едноставно си змаинува од ова парче земја, и за тоа сведочат испустените гратчиња во Источна Македонија и празните албански села во Западна Македонија.

На дел од овие податоци денеска укажа и генереланиот скеретар на ВМРО-ДПМНЕ, Сајкоски велејќи:

„Освен непотизмот, криминалот, корупцијата, и притисоците кои што континуирано се вршат врз граѓаните тука, нема ништо. Можам да истакнам дека Македонија од пример во регионот стана потсмев во регионот. Покрај тоа што не работи локалната власт управувана од СДСМ и ДУИ, не работи ништо ниту централната власт“, укажа Сајкоски.

Тој посочи дека во изминатиот период наместо да се зголемува бројот на вработени на ниво на Република Македонија, има податок дека се намалува бројот на вработени при што од пред неколку години од 720.000 вработени денес има само 690.000 вработени. Неработата, криминалот, корупција е одлика на оваа власт и локална и централна.