Ова е транскрипт од интервјуто на д-р Роберт Малоун, имунолог, вирусолог, еден од најголемите светски експерти во оваа област, изумител на МНРА технологијата која сега се применува и кај некои вакцини против корона вирусот (надежта е дека со таа технологија ќе се добие вакцина против ракот), со новинарката Викторија Кириленко публикувано на 9 ноември на The American. Во него, д-р Малоун зборува за САРС КОВ 2 и за Ковид 19, но за прв пат изнесува некои работи кои досега беа непознати за јавноста или само се насетуваа. Едно шокантно интервју на овој врвен светски научник кое открива многу работи.

За тие читатели кои прв пат се среќаваат со д-р Малоун, да напоменеме дека тој е далеку од антиваксер, напротив, животот го посветил на изнаоѓање на решение за разни болести. Тој и сега смета дека постарите и хроничните болни треба да се вакцинираат, а за другите да се примени ран третман против Ковид со лековите кои се достапни, но практично се забранети во голем број земји. Кога тој се разболе, се лечел со комбинација на лекови во кои централно место има, нема да ви се верува, еден гастро лек со генерично име фамотадин, која кај нас не чини повеќе од 100 денари за кутија. Потоа се вакцинирал со Модерна и тврди дека оттогаш има здравствени проблеми како последица на вакцината. Оттука, кога станува збор за вакцините, но, во секое интервју инсистира на тоа дека тие мора да бидат безбедни, а пред да бидат пуштени во употреба мора да поминат низ ригорозни тестови. Што се случувало, како се создадени некои од вакцините за корона вирусот и како е создаден тој вирус? Одговорот го дава во ова интервју кое не можете да го најдете на you tube бидејќи е цензурирано.

КИРИЛЕНКО: Д-р Малоун, би започнала со некои основни работи за вакцините. Кампањата за масовно вакцинирање започна во март оваа година. Мнозинството од луѓето немаат претстава за тоа какви се овие вакцини и воопшто каква е таа мНРА технологија. Центарот за контрола на болести на САД (ЦДЦ) ги опишува на следниот начин: вакцината се вбризгува во вашето раме, останува таму, ги учи нашите клетки како да произведат дел од вирусот, тој дел го опишуваат како „безопасен дел“, тоа е спајк протеинот кој всушност го предизвикува организмот да произведе антитела. Исто така се тврди дека мНРА исчезнува за неколку дена од нашиот организам после вакцинацијата. Вие не учествувавте во развојот на овие вакцини, но сепак, дали овој опис на вакцината е коректен?

МАЛОУН: Генерално, тоа е прилично добар опис на едноставен начин. Не сум сигурен колку мНРА останува во организмот и таа објава на ЦДЦ не се базира на податоци и аргументи. Нема податоци за тоа колку мНРА останува во нашиот организам. Исто така, објавата дека спајк протеинот е безопасен – е лага, потоа лага е дека вакцината останува во рамото. Секој кој ги погледал податоците на ФДА (американската Агенција која ги одобрува вакцините и лековите, забелешка на Денешен.мк) знае дека тоа е лага (со други зборови, ЦДЦ на кого во секоја прилика се повикуваат нашите лекари е институција која лаже, забелешка на Денешен.мк). Ако ги погледаме бенефитите, ќе видиме дека ова е една од т.н. благородни лаги, кога на луѓето не им ја кажуваме целата приказна, целата вистина, туку само поедноставена верзија, која е така составена што треба да изгледа дека тука нема ништо што би претставувало опасност…

КИРИЛЕНКО: Значи мНРА не останува во мускулот од рамото, туку се движи кон и низ другите органи низ целото тело. Познато е дека во една студија од 2017 година констатирано е токму тоа (мисли на студија поврзана со други испитувања, а не врзани со Ковид 19, забелешка на Денешен.мк), а исто така, тоа го има и во студија на јапонските власти, дека нано честичките ги има и во другите органи, вклучувајќи ги јајниците кај жените, слезинката, панкреасот… Дали тоа не е сигнал дека со кампањата за вакцинација нешто не е во ред?

МАЛОУН: Ќе ве корегирам малку, бидејќи деталите се важни. Тоа за што зборувавте го нарекуваме технички документ. Тоа е досие со информации кои се споделуваат со владите односно регулаторните комисии од страна на Фајзер. Јапонската студија за која зборувате, не беше изработена од јапонските власти, туку тоа беше документ од студија на Фајзер за делувањето на вакцината кај животни, кај стаорци. За разлика од ФДА кај нас во САД и ЕМА во ЕУ (ЕМА е европска Агенција за одобрување лекови и вакцини, забелешка на Денешен.мк), јапонските власти ги дозволија тие документи и до нив дојде д-р Бајрам Брајдел… Тоа  што е битно е дека регулаторните тела низ целиот свет му дозволија на Фајзер да помине без целосна документација за клинички студии. Како и да е, тоа се документи за сет на студии кои биле извршени, а чии резултати беа шокантни за мене и за други кои имаа можност да ги видат резултатите, а кои произлегуваат од тој сет што беше основа за издавањето на итна дозвола за употреба на вакцината. Регулаторните тела му дозволија на Фајзер да ги земе податоци кои не се развиени за овие вакцини, за целите на вакцините, туку за други цели, кои не ги задоволуваат ригорозните стандардите потребни за прифаќање на една студија, не ги задоволуваа нормите за тоа како една студија треба да се изработи и му дозволија на Фајзер да употреби податоци кои беа добиени за други РНА, за други цели и ги претставија како да се податоци за тоа што требаше да го сработат. А тоа што требаше да го сработат, секогаш се барало кога се во прашање вакцините. Сепак, регулаторните комисии низ светот му дозволија на Фајзер да им претстави, би ги нарекол ѓубре-податоци (junk data) и да се употребат тие податоци за да се одобри итната употреба на вакцината за луѓето. Во поглед на студии за биодистрибуцијата за што зборувавте, тие не се изработени добро, тие се за други РНА, вклучувајќи ги и РНА кои го кодираат протеинот кој им овозможува на светулките од природата да светат. Тој протеин е наречен Луциферис, име поради кое многумина се вознемируваат бидејќи им асоцира на ѓаволот. Но, во суштина, тоа е протеин чиј пионер бев јас, во осумдесетите. Се користи кај животните… им овозможува на светулките да светат, предизвикува светлина што овозможува лесно да се детектирира. Но, тоа не е РНА вакцина. Што направија тие во тие студии на кои посочувате? Тие го погледнаа делот за дистрибуција на мастите, мастите кои се ставаат за да ја обвиткаат РНА и и’ овозможува на РНА да „слизне“, да влезе во клетките. Тие масти вклучуваат состојки кои се синтетички, кои не се природен продукт. Тие се нов хемиски ентитет. А, типично, кога станува збор за нов хемиски ентитет што треба да се инјектира кај милиони луѓе, треба да се направат ригорозни студии, околу нивната безбедност, био-дистрибуцијата, колку долго тие нешта остануваат во телото и дали можат да предизвикуваат штета на ДНА, се испитува генотоксичноста итн. Наместо тоа, тие спроведоа испитувања кои не ги пресретнуваа овие барања, а што се прави кај секој лек. Тоа што тие го направија е студија со стаорци и кога ќе ја инјектираш вакцината во мускулот кај стаорци, честичките се дистрибуираат низ целото тело. Не остануваат во рамото. Некои остануваат, но повеќето одат во други органи. И тие бараа во тие студии протеин низ телото, но не го бараа спајк протеиот, бидејќи немаше спајк мНРА протеин, туку тие го употребуваа Луциферис од светулките и бараа продукција на светлина од различни органи и гледаа каде се липидните делови. Липидите одат во јајниците и тоа предизвикува многумина да кажат: „Чекај, ова не е тоа! Ова мора да се следи и да се направат други ригорозни тестови“. Но тоа не беше сторено никогаш. Никој не ги принуди тоа да го направат. И чудно што го употребија Луциферис протеинот, зашто има многу различни начини да го детектираш протеинот што го бараш, во овој случај спајк протеинот, но тие не го бараа спајкот. И да го детектираш мошне сензитивно, ако навистина сакаш да го поставиш прашањето каде протеинот се појавил. Тогаш се жртвува животното и ги секцираш различните клетки и вршиш суперсензитивно тестирање и можеш да откриеш точно колку од тој протеин има во различните клетки – во мозокот или било каде. Тие не го направија тоа. Употребија помалку сензитивен пристап. Го зедоа цело животно, ја инјекетираа супстанцата и потоа гледаа колку светлина се појавува од неговите клетки поставувајќи камера над животното. Тоа се фотони, вие знате многу за рефлектирањето поради Чернобил, јасно ви е ова и со таа камера тие можеа да ги фатат само деловите од животното каде има силна, силна концентрација на Луциферус, но не и на спајк протеинот кој би требало да го бараат. Така што оваа употреба на помалку сензитивен метод е еден вид трик за да си овозможиш публикација на истражувањето, но не е квалитетен начин. За мене сето ова е неверојатно и шокантно. Како било дозволено ова да помине? Регулаторите низ светот дозволиле да бидат измамени од Фајзер. Ова е прилично обесхрабрувачки, бидејќи тоа значи дека тие кои се должни да внимаваат јас и вие да бидеме безбедни, дека вашето репродуктивно здравје е заштитено, дека здравјето на нашите деца е заштитено… тие не ја извршија својата работа. Не не’ заштитија. Нема друг начин да се гледа на ова.

КИРИЛЕНКО: Докторе, но ако ги погледнеме нивните плати, во ФДА и ЦДЦ… луѓето сметаат дека врвните експерти од светот работат во ФДА во ЦДЦ, а потоа ги гледаме податоците и ги гледаме сите овие нерегуларности, а сепак сетоа тоа поминува…?

МАЛОУН: Не заборавете, освен ФДА и ЦДЦ, тука е и ЕМА, па јапонските регулатори, но се извинувам што ќе ве корегирам – кога зборувавте за ФДА и ЦДЦ – рековте врвните светски експерти. Тоа не е состојба што ја имаме. Било некогаш. Сега не! Луѓето мислат, се надеваат дека тоа е така, но не е. Или ако веќе не е, тогаш луѓето очекуваат дека на пример, Питер Маркс, човекот кој е одговорен во ФДА за вакцините, ќе разговара со луѓе како мене околу тоа што е забележано и околу откритијата и дека Питер Маркс ќе каже: „Чекај, можеби треба да го послушам овој човек! Можеби има нешто битно да каже. Во крајна линија, тој е човекот кој ја измислил мНРА технологијата.“

И така, јас се јавив, разговарав и Питер ме увери дека сето тоа ќе биде земено в превид, дека ќе биде средено, дека нема безбедносни сигнали кои би требало да не загрижуваат и дека се што треба да направам е да му оставам време сето тоа да мине низ регуларниот порцес и да се среди. Имам и други пријатели во ФДА кои ги алармирав околу потенцијалните ризици од спајк протеинот и тие информации од луѓе на пониски позиции кои се добри научници, беа испратени до погорните структури и ФДА беше комплетно информирана. Но, тие очигледно сметаа дека тоа за што јас алармирав не е значаен сигнал и дека нема причина за загриженост. Како и да е јас го направив тоа што требаше да го направам алармирајќи преку мои пријатели дека на ова треба да се обрне внимание. Одговорот што го добив е дека треба да се тргнам настрана, дека тие знаат што прават. Но, вистината е дека тие немаат експерти кои се навлезени во длабината на оваа технологија и тоа што го прават е дека имаат листа за проверка. И сега, вие претпоставувате дека кога зборуваме за ФДА, зборуваме за институција во која има некое високо ниво на компетентност. Но, работата е дека тие што имаат компетентност можат да заработат многу работејќи за Фајзер и тие го прават тоа и си заминуваат од ФДА. А, многумина од тие во ФДА низ чии раце минуваат овие документи, не се врвни научници. Многумина од нив доаѓаат со дипломи од странски земји, тие доаѓаат од странство, не се од САД. Не сакам да бидам пежоративен кон другите култури и нивните дипломи, но тоа е така. Англискиот не е нивен мајчин јазик и сега да се вратам на листата за проверки што ја има ФДА и начинот на кој работи. Значи тие ја имаат таа „чек листа“, а тоа е „чек листа“ за вакцини кои се традиционално произведени, не за мНРА. Тие не создадоа чек листа за генска терапија, бидејќи овие вакцини се токму тоа. Проверките кои требаше да ги направат за генска терапија, не ги направија, зашто рекоа – ова се вакцини. Тоа е тоа. Ние претпоставуваме дека таму има некоја длабока и голема наука, но не е така. Вие зборувавте за Русија и го разбирате проблемот на бирократијата и тоа е тоа со што сега се справуваме – бирократија со чек листите. Еден од проблемите кој се случи е дека независноста на ФДА веќе не постои. Едно од уверувањето е дека ние ги плаќаме тие луѓе да работат за нас. Тоа веќе не е вистина. Тие работат за фармацевтската индустрија. Тие се платени од фармацевтската индустрија. Како тоа се случи? Фармацевтите плаќаат свои лоби групи и тие го убедија Конгресот дека ФДА не треба да биде плаќана од американските даночни обврзници, туку дека трошоците треба да се префрлат на фармацевтската индустрија. А индустријата беше среќна да го направи тоа, да ги плаќа трошоците на ФДА. Така што сега ФДА работи за фармацевтската индустрија, не за вас, не за мене… А, светот веруваше и верува дека ФДА и ЦДЦ се врвот на интегритетот во регулаторните работи и надзорот врз производството на лекови.

Но, да ви раскажам за еден настан. Бев неодамна со група научници во Португалија. Ние бевме на некоја тркалезна маса, дебатиравме и имаше и публика. И една жена од првиот ред, ми рече: „Ние во Португалија секогаш верувавме дека ФДА и ЦДЦ се златен стандард за интегритет во науката. Сега сфативме дека тие се корумпирани.“

И кога ми го кажа тоа, како да ме удри директно в лице. Понекогаш од просечните луѓе доаѓа вистинската мудрост. Кога таа ми го кажа тоа, јас всушност сфатив што се случило и дека таа е апсолутно во право. Тоа што ни го дозволивме да се случи овде во САД, е дека имаме еден процес во кој регулаторите се заробени. Дозволивме индустријата да ги поклопи сите тела кои се должни да се грижат за безбедноста на лековите. Тие што ги произведуваат лековите, ги контролираат тие кои треба да го контролираат производството на лекови. Еве и друг пример. Секретаријатот за земјоделство на САД го водат поранешни челници на Монсантно, а тоа е веќе цела декада. Секретаријатот има две задачи: да го регулира земјоделието и да го промовира земјоделието. Ова второто, промоцијата, стана најбитна работа. Друг пример. Се сеќавате на 737 MAX (авион на Боинг, н.з) кој доживеа фијаско (еден од авионите имаше несреќа, забелешка на Денешен.мк) Луѓето умираат, системот беше скршен, но државните тела кои треба да се грижат за нашата безбедност се контролирани од Боинг. Сега да одиме до ЦДЦ, да видиме како стојат работите со ЦДЦ. Центарот има две мисии кои се однесуваат на вакцините: промоција на ваквините меѓу луѓето и второ, надзор над нивната безбедност. Повеќето од парите што ЦДЦ ги добива во оваа пандемија е да ги промовира вакцините, а луѓето кои се задолжени за безбедноста на вакцините се оставени без пари, со потценети фондови. Не е изненадување тогаш што тие немаат ни персонал, ни опрема, ни капацитет да ги анализираат сигналите за безбедност. За разлика од тоа, луѓето задолжени за промоција ги имате на сите медиуми, на Си-Ен-Ен, ги имате насекаде. А што се однесува до ФДА – фармацевтската индустрија ги убеди американските законодавци да го пренесе товарот на трошоците од даночните обврзници кон фармацевтската индустрија…. фармацевтската индустрија фактички го поседува ФДА. Тоа е ситуацијата во која се наоѓаме и, искрено, ние дозволивме тоа да се случи. Прашањето е што можеме сега да сториме околу тоа. Не сум сигурен!

КИРИЛЕНКО: Тоа беше моето следно прашање. Велите дека ЦДЦ и ФДА се корумпирани… ова е експеримнт?

МАЛОУН: Ова е најголемиот експеримент извршен врз луѓето во историјата на човештвото. И тој е предводен од регулаторните структури. И експериментот не е дизајниран за да не заштити нас. Тој е дизајниран за да ја заштити фармацевтската индустрија. Таа индустрија во САД наплаќа повеќе пари од нас, отколку што им наплаќа на други нации, затоа трошоците за лекови кај нас се поголеми отколку што е тоа случај кај другите нации и потоа ги користи тие приходи, тие пари што ги зема од нас, како оружје за да ги контролира законодавците и да ги контролира нашите регулаторни тела. Каде да одиме од оваа позиција?

Постои краткорочен и долгорочен одговор. Краткорочно, сите се соочуваме со Ковид проблемот. Не контролираат преку стравот, тука се вклучени и медиумите. Постојано не бомбардираат, преку Си-Ен-Ен, преку Њујорк тајмс, Вашинтон пост итн, колку страшен е овој вирус и дека сите ќе умреме ако се заразиме. Кога јас се заразив кон крајот на февруари ланската година – 2020 година, а бев длабоко навлезен во податоците, знаев точно што се случува во Кина, и јас се плашев дека ќе умрам. Но сега ја имаме статистиката после година и половина. И таа вели дека умираат само мал процент од заразените… За повеќето од луѓето кои го гледаат ова интервју, нема шанса да умрат од овој вирус. Но, тоа што ќе се случи е дека најголемиот дел од луѓето ќе развијат природен имунитет… Истото е и за децата (за жал, не зборува за тоа какви долгорочни последици може вирусот да предизвика кај децата, како што зборува за тоа какви последици на долг рок можат да остават вакцините со мНРА технологија, но и тие со аденовирус, забелешка на Денешен.мк)… И ние мораме да се бориме со тој страв. Вистината е дека сега сме очи в очи со делта плус сојот кој се шири меѓу популацијата низ светот оваа зима. Штотуку се вратив од Хаваи. Постојат два вида моноклонална терапија во САД произведени од две различни компании. И федералната влада им наредила на хавајските здравствени власти дека смее да ги набавува моноклоналните коктели само од едната компанија, зашто тие од другата не се веќе ефективни против делта плус. А пет отсто од заразените во Хаваи се од овој вид. Зошто? Затоа што вирусот научил како да ги избегнува антителата од оној моноклонален котел кој веќе не е активен против делта плус. Зошто го кажувам ова? Затоа што истото се случува и со вакцините. Тие се создадени за друг сој на вирус, за вирус кој веќе не циркулира. Поентата е дека овој вирус еволуира рапидно, делта плус доаѓа, ќе се рашири меѓу популацијата. Што ќе правиме? Ова се претвори како некоја улична тепачка. Како вие ќе го заштитите вашето дете? Како јас да ги заштитам моите внуци? Како да ги заштитиме постарите, посебно? Единствениот одговор што го имам – тоа нема да го направиме со вакцините, не со третата доза од вакцините. Секогаш кога ќе добиеш нова доза од вакцината, ги имаш сите ризици поврзани со едната доза – мултиплицирано плус ризикот од супресирање на твојот имунолошки одоговор. Постои краткорочна супресија и постои долгорочна супресија. Не е така едноставно како што ни беше кажано. Затоа ние мораме да се собереме, мора заедно да најдеме солуција што ќе не заштити во наредните неколку месеци. Мислам дека постојат начини да го сториме тоа, но мора да биде општествено засновано. Луѓето мора да ги имаат информациите и вие како новинар помагате во тоа, но луѓето можат да одат на различни сајтови и да најдат информации за ран третман против Ковид. Постојат лекови кои ако ги земете во рана фаза, ќе ве заштитат од хоспитализирање. Тоа е тоа што треба да го направиме, да ги држиме луѓето подалеку од болница. Многу лекари спасиле илјадници и илјадници животи, на пример, во Империјал каунти во Клифорнија, најголемиот дел од нив се сиромашни луѓе, фармери, луѓе кои не се збогатиле од својата работа во земјоделството, е тие луѓе биле спасени со тоа што лекарите ги применувале раните протоколи. Тоа се многу добри протоколи за раната фаза. Мораме да создадеме мрежа, да можеме да им се јавиме на луѓето и да бидеме сигурни дека се добро. Една од трагедиите е дека имаме стари луѓе кои немаат многу добри информации од интернет, зашто не го користат. Кога ќе се разболат, одат во болница, но таму им велат: „Не сте премногу болни. Одете дома, а кога ќе ви стане полошо, тогаш дојдете. Кога органите во вашето тело ќе бидат навистина оштетени, тогаш ќе ве примиме. Во меѓувреме – ви посакувме многу среќа!“

И тие стари луѓе одат дома, сами се, социјално се изолирани и умираат. Тоа е трагедија. Мора да најдеме начин да се поврземе со тие луѓе, да бидеме во контакт, да ги следиме. И да им овозможиме пристап до некои од раните медицински интервенции. Мора да се потрудиме информациите да стигнат не само до постарите, туку до сите. Не можеме да се потпреме на мејн стрим медиумите, зашто тие не предадоа, тие не лажат. Но има работи што можеме да ги направиме: број еден – не се плашете; број два – бидете информирани; број три – организирајте се локално за да можете да бидете сигурни дека ќе им помогнете на луѓето во локалната заедница! Ако тоа го сториме, можеби ќе можеме да поминеме низ следниот бран!

Долгорочно, единствената солуција е политичка и легална. Во овој момент, Владата прави работи кои се противзаконити и не и гајле. Тие веруваат… не знам во што веруваат. Но да ги принудуваш луѓето да примат експериментален продукт е нелегално. Нелегално е според федералниот закон, а има и прецедентно, обичајно право. Да ја принудуваш војската да прими нелиценциран продукт е нелегално. Луѓето од војската доаѓаат кај мене и ми кажуваат што се прави – бидејќи постои закон дека војската не смее да дозволи на нејзиниот персонал да му се даваат нелиценцирани вакцини, а тој закон произлезе од војната, „Песочна бура“ во Ирак и антракс вакцината, кога многу од армискиот персонал претрпе странични ефекти и поради тоа не е дозволено да им се дава нелиценциран производ. И што направија? Ги вакцинираа луѓето со нелиценциран продукт, а им велат дека на војската и даваат лиценцирана вакцина КОМИРНАТИ, но таа вакцина не постои!

Другата работа е дека на Фајзер вакцината ставаат налепница со КОМИРНАТИ – ним не им е гајле. Законот веќе не постои. Имаме влада која не е под контрола, која е надвор од контрола. Или на болниците им велат дека ако не го вакцинираат пероналот, нема да им признаат некои трошоци, со други зборови ќе ги исфрлат од бизнисот. Или ако сте декан на факултет или ректор на универзитет и ако не ги вакцинирате сите студенти, ќе ви ги прекинат сите грантови и сите договори. Тоа е новата политика на Националниот институт за здравје (НИХ) – ако сакате федерален грант, сите луѓе мора да ви бидат вакцинирани. Но, проблемот со кој ќе се соочат сите овие образовни установи и сите компании е дека во целиот тој синџир, компаниите за вакцини се заштитени од владата и нема да сносат финансиска одговорност, но луѓето ќе бидат повредени и оштетени од тие вакцини – тоа ќе се случи – и тие ќе требда да им платат отштета на тие луѓе. Претседателите на компаниите и на унивезритетите ќе настрадаат. Ова ќе биде златна трка за адвокатите кои ќе се натпреваруваат кој да поднесе тужба. Кога еднаш ќе почне ова, ќе се соочиме со масовни тужби против тие организации, а се ќе стигне и до Врховниот суд.

Друго нешто што ќе се случи, а што е многу јасно за мене бидејќи се справувам со тоа, тоа се информациите до кои имам пристап. Очигледно е дека постои шема да се потиснува раниот третман против Ковид од владини луѓе. Знаеме дека различни лекови, како хидроклориксин, ивермектин и други – постои стратегија да се делегитимизираат, што е најочигледно со ивермектинот како лек за коњи. ФДА дури имаше и твит кој велеше „зар не знаеш дека ивермектин е лек за коњи“ користејќи го јужњачкот акцент, што за луѓето од југот, овде околу мене во Вирџинија, тоа беше тотално непристојно. Има мејл од Џенет Вудкок, извршен комесар во ФДА со кој му честита на медиа тимот на ФДА за тој твит дека ивермектин е лек за коњи, што е тотално лажен наратив. Има и друг лек кој се покажа како ефективен ако се администрира рано и тој, исто така е лек за коњи. Се употребува за коњи од ветеринари и се вика аспирин. Да, зборувам за аспиринот. А на сите ни е познато дека тој е мошне добар против згрутување на крвта што е еден од проблемите кај Ковид. А згрутчувањето на крвта е еден од проблемите и со овие вакцини. Тие се еден вид тригер за згрутчување на крвта. Аспиринот се покажа као ефективен. Лекот кој јас го открив, една комбинација која се заснова на фамотадин, а кој е против киселини во стомакот (кај нас се произведува како фамосан од 20 и 40 мг, а протоколот за лечење на Ковид со овој лек предвидува дози од над 130 мг, во комбинација со друг лек, н.з.), исто така се покажа ефективна против Ковид и во тек се клинички испитувања на овој лек во комбинација со целебекс. Но, се мора да биде направено според прописите, сите испитување. Досега помина година ипол откако започнавме. Така што поентата ми е дека има многу лекови на располагање, но гледаме координиран напад од мејн стрим медиумите, поддржан од фармацевтската индустрија, но и од ФДА, ЦДЦ и НИХ. Станува збор за ефтини лекови, не можат да се патентираат, во споредба со лековите што сега Антони Фаучи ги протежира, а кои се главно развиени со пари од даночните обврзици, со ваши пари, од Фајзер и Мерк. Дали сте забележале и дека постои отсуство на застапување кај дел од федералната влада за моноклоналната терапија? Рос де Сантис, гувернерот на Флорида предничи во нејзината употреба и кој е одговорот на владата на неговиот успех? Ќе ти го ограничиме пристапот до терапијата! Молам? Како се случува ова? Како што реков, има премногу знаци на длабока корупција. Но, постојат рани третмани кои ни се на располагање, тие се ефтини, тие се ефективни, со тоа што мораш да ги дадеш рано.

Последната поента е дека не постои рационално објаснување за вакцинирањето н децата со исклучок на тие деца кои имаат некаква претходна состојба која во комбинација со Ковид може да ги доведе во опасност… Процентуално, таа опасност е мала, но постои. А се состои во тоа што предизвикува запаление на срцето, кое доведува до лузни на срцето. Тие лузни создаваат мали области во срцето каде електрицитетот е различен. Преведено на обичен јазик, тоа значи дека се зголемува ризикот од срцева аритмија и други состојби кои можат да доведат до ненадејна смрт. Затоа, кога ќе чуете приказна од ЦДЦ дека тоа е мал миокардитис, треба да знаете дека не пости такво нешто како мал миокардитис. И тој миокардитис се случува после вакцините, но и после прележувањето на самиот вирус во одредени случаи (ова второво се обидуваме да им го објасниме на Царовска и Филипче со месеци, посочувајќи во каква опасност ги доведуваат децата со наставата, но бадијала, н.з.). Затоа нема причина за вакцинирање на децата. Не го правете тоа.

КИРИЛЕНКО: А ФДА само што ја одобри Фајзер вакцината за децата од 5 до 11 годипна возраст.

МАЛОУН: Да, одобрениото е од Комитет од 12 членови од кои седум од нив имаат цврсти врски со Фајзер. Значи, седум од членовите кои ја одобриле вакцината се врзани со Фајзер. Системот е длабоко корумпиран… Вие доаѓате од Украина и од СССР и ми зборувате за тоа, имате искуство со таков систем. Во Португалија, луѓето биле под друг авторитарен режим – Салазар и тоа завршило во седумесетите. Но, многу од луѓето во Португалија помнат што значи авторитарен режим, исто како што вие знаете за СССР. Имам пријатели и меѓу Евреите. И сите велат – разбудете се, ова се знаците! Ова не е нормално. Не знам што се случи со нашата влада…Тоа што го праваат е и дека ги тренираат светските лидери. Како гувернерот на Калофорнија, како Џастин Трудо, луѓето од Комунистичката партија на Кина, луѓето во Австралија кои пукаа со гумени куршуми… сите се тренирани во тие воени игри симулирани од Бил Гејтс и групата околу него за тоа како треба да се одговори во време на пандемија. А тие луѓе кои ова го замислиле, не се интелектуални џинови во светот. Тие се група бирократи кои не можат да размислуваат… Секој знае дека било каков воен план важи додека не се сретнеш со непријателот на бојното поле. Тогаш го прилагодуваш планот, го менуваш зависно од однесувањето на непријателот. Но, овие луѓе не го прават тоа. Тие никогаш не го прилагодија планот врз основа на однесувањето на вирусот. Овој не е високо смртоносен вирус и ова не се добри вакцини. Но, ним не им е гајле. Тие имаат план и тоа е тоа. Како ФДА: имаат чек листа и штиклираат! Дали тоа одговара на реалноста? Не им е битно. И патем, во ова се вклучени и медиумите и нивните уредници и сопственици. Тоа се луѓето што ги слушаме на Си-Ен-Ен, кои пишуваат за Њујорк тајмс. Сите тие се индоктринирани дека ова е тоа што треба да го правиме. Тоа е начинот на кој ја контролираат популацијата. Тоа е начинот на кој велат дека ќе излеземе од пандемијата. Од друга страна, такви како вас и други околу вас, гледаат и велат: Но, овие вакцини не функционираат. Не не заштитуваат од инфекција. Зошто не принудуваат да примиме вакцина за да одиме на работа, кога не е сигурно дека на работа нема да се заразиме. Зошто ги принудивате децата на вакцини?

КИРИЛЕНКО: Бремени жени…?

МАЛОУН: Ха, бремените жени! Тоа е посебна приказна. Тоа е тотално неоправдано. Не постојат податоци кои би покажале дека вакцината е безбедна во бременоста на жените… Но, луѓето можат да ја видат вистината. Тие знаат, можат да почувствуваат дека тука нешто не е во ред. Често, луѓето не ја имаат рамката да размислат за ова, немаат зборови да го искажат, но знаат дека нешто не е во ред. И тоа не води до прашањето: зошто не е во ред овде нешто? Што е позадината? Што се крие зад сето ова?

КИРИЛЕНКО: Да, што е во заднината на сето ова? Велите дека не се флексибилни. Дека слепо се држат до нивното сценарио. Дали тоа е можеби затоа што се толку бирократизирани и слепо уверени во својата моќ? Можеби се само опиени од моќта и ја сакааат својата позиција која им овозможува да одлучуваат за животот и смртта на милиони луѓе?

МАЛОУН: Го немам одговорот. Не сум психолог. Не можам да влезам во главата на Антони Фаучи или Бил Гејтс. Убеден сум дека двајцата имаат дисторзиран поглед на светот. Не се во допир со тоа како мнозинството луѓе живеат, тие имаат своја специјална реалност, опкружени се со луѓе кои им го кажуваат тоа што тие сакаат да чујат, патуваат со специјални авиони и тие не доаѓаат во допир со луѓе како вас и како мене. И тие не уплашени од мене, немаат никаква закана од ова што го зборувам, не се загрозени од вас, за нив закана се фактите. Фактите се непобитни. И која е нивната реакција? Ќе ги потиснеме фактите. Не затоа што се непобитни, туку затоа што не’ претставуваат во лошо светло. Ние немаме работа со луѓе кои се посветени на јавното здравје. Не! Ние имаме работа со луѓе кои се грижат за своите привилегии и својот статус. Целата оваа работа се врти околу тоа. Се се’ врти околу нивните привилегии и нивниот статус. Не можеш да гледаш во Антони Фаучи и да не сфатиш дека се’ е околу Тони. Постојано е на ТВ. Типот е директор на Националниот институт за алергии и болести. Што ќе му се 30 луѓе за медиуми? Тоа е лудо. Зошто само тој смее да зборува од сите научници во НИХ? Се се врти околу него, тој има огромна моќ. Потоа го имаш Бил Гејтс кој буквално ја купи СЗО. И над сето ова, ги имаме четири големи инвестициски фирми кои се испреплетени меѓу себе како црева. И сите овие компании кои потоа праќаат пораки низ светот – медиумите, ИТ компаниите, фармацевстките компании – целиот тој Матрикс кој хоризонтално е поврзан и интегриран, произлегуваат од една компанија која е на врвот. Тоа што го гледаме се консеквенци од консолидација на глобалната моќ и пари. Ние тука во САД имаме закон кој би требало да ја прекрши моќта на овие големи блокови на капиталот. Но, тоа што сега го имаме е дека капиталот веќе не го создаваат националните држави. Овие блокови на пари се независни од државите и се помоќни од државите. Тие му кажуваат на трезорот на САД што да прави. Тие им кажуваат на федералните резерви на САД што да прават. Тие ги контролираат економиите. Тие можат да не прекршат нас двајцата во дел од секунда и сите околу нас, со одредени финансиски одлуки. Тие се неморални. Тие не живеат во свет во кој некој би се грижал за моралот. Тие живеат во свет во кој единствена грижа е како да ги вратат вложените пари. А ние станавме пиони. Не знам подобра метафора. Ние сме економски пиончиња кои можат да бидат разместувани. Нив ги интересираат само парите. Ако можат да направат повеќе пари во Источна Европа, во Виетнам, во Кина… тогаш парите ќе одат таму. А парите доаѓаат од вашата и од мојата работа, што звучи марксистички, но е фундаментално. Ние двајцата, луѓето како вас и мене, обичните луѓе се тие кои создаваат вредности. А тие се луѓето кои ја извлекуваат таа вредност. И градат свое огромно економско портфолио. Според мене, тоа е заднината на сето ова…

Морам да го кажам ова: се обидував да не мислам на овој начин, да не размислувам вака, иако многу луѓе доаѓаа кај мене и ми даваа информации кои упатуваа на сето ова, но јас одбивав да помислам дека тоа е така. Мислев дека е невозможно. Потоа ја прочитав книгата на Боби Кенеди (син на убиениот во 1968 година сенатор Роберт Кенеди и внук на убиениот американски претседател, Џон Кенеди, адвокат, анти ваксер, смета дека вакцините предизвикуваат аутизам; но книгата не се базира на негови мислења, туку содржи преку илјади цитати на еминенти научници, а му ја дал на рецензија на Малоун токму поради тоа што Малоун не е антиваксер, туку опозит на тоа и што е во врвот на науката за вируси и вакцини, н.з.). Ми ја даде да ја рецензирам. Кога ја завршив книгата, помислив дека сфатив што е целата работа. Сфатив што се случува со НИХ и Тони Фаучи. Првиот пат кога ја прочитав книгата паднав во депресија две недели. Сфатив колку длабоко се е нарушено и дисторирзирано. Тоа, заедно со коментарот на португалската жена, ми го урна светот. Дојдов во ситуација кога се во што верував, се што верував дека функционира на одреден начин, се што сум учел, целата обука што сум ја имал, потоа начинот на кој верував дека светот функционира – дека има правила, дека ги почитуваме тие правила, дека тие правила се создадени за да не чуваат безбедни… сфатив дека тоа е наивен начин на гледање на работите. Сега, интелектуално сум во позиција кога не знам како изгледаат работите од другата страна. Не знам веќе кои се правилата. Всушност нема правила. Тука, се’ што ќе кажат тие кои ја имаат моќта, се остварува. Вие сте живееле во таков систем, знаете за што зборувам. И знаете кон што ова води. Проблемот е што ова не би било толку лошо ако е некој диктатор кој е премудар, информиран и им служи на луѓето, но луѓето кои се на врвот на овие наши авторитарни структури се корумпирани. Тие не се мудри, тие не се целосно информирани и тие им служат само на своите интереси и на интересите на тие околу нив. Сите ја знаеме онаа изрека дека моќта корумпира, а апсолутната моќ корумпира апсолутно. Патувам низ светот, во Европа, Латинска Америка, Азија и многу луѓе бараат замена за начинот на кој функционираат централните власти, бараат друг начин како да се организираат, тие не го сакаат комунизмот бидејќи се докажа дека не функционира, но сигурно не го сакаат и овој вид на авторитаризам. Ова изгледа произлезе од јакобинците во Француската револуција кога јакобинците велеа дека тие знаат што е најдобро за сите нас и тоа што тие сметаат дека е добро за нас – ќе го применат, независно дали ни се допаѓа или не. Според мене, сега ни се случува тој концепт на јакобинско размислување – дека има елита и дека таа елита најдобро знае што е добро за нас. Јас не сакам да живеам во таков свет. Верувам и вие не сакате да живеете во таков свет, ниту многу други луѓе. Но овие сили кои сакаат да ја имплементираат оваа стратегија се високо координирани, го имаат планирано ова со декади, а ние другите, се будиме полека велејќи: Еј што се случува! Како дојдовме до овде? Гледате како се медиумите координирани во цензурирањето. Бев во Ајдахо минатата недела. Реков: Дали го помните времето кога на сите ни беше жал за Кинезите бидејќи нивната влада го контролира пристапот до информациите, владата им го контролира интернетот, контролира што прават, ги принудува да имаат внатрешни пасоши, помните кога сите ги жалевме Кинезите поради сето ова? Разбудете се! Бидејќи еве го тоа и тука!

КИРИЛЕНКО: Како се случи Ковид 19? Кое е Вашето мислење за потеклото на САРС КОВ 2?

МАЛОУН: Податоците покажуваат, секвенците од вирусот покажуваат дека станува збор за био-инжениран вирус и тоа уверување постојано се зголемува. Инжениран е прво да може да помине од животни на луѓе и тоа е сторено преку молекуларен механизам, crisper kas системот и тоа така изгледа. Но јас имам и некои уникатни инсајдерски информации, не се класифицирани, а прво ги споделив со Рајдер Фулмор групата во Германија, иако не се толку уникатни бидејќи нешто имам објавено и порано.

Имено, на 4 јанури 2020 година ми се јави офицер на ЦИА, кој беше во Вухан, велејќи ми дека овој вирус е голема закана за нас. Тој беше таму под некаква закрила на Харвард и тој беше во Вухан во последните три месеци, во последниот квартал од 2019 година. Неговото име е Мајкл Калахан. Тој е офицер на ЦИА и тој е еден од нашите врвни експерти за биолошка војна. Тој креира програми за gain od function research (наједноставно кажано – тоа се истражувања при кои се создаваат вештачки вируси, односно на вируси од природата им се додава моќ да се пренесуваат меѓу луѓето и им се зголемува убиствената моќ, н.з.). Тој има висока позиција во ДАРПА (Агенција основана од Ајзенхауер, чија цел е развивање проекти за одбрана на САД, вклучително и во биолошка војна, н.з.), беше во Вухан во тоа време и беше многу запознаен со тоа што се случува со овој вирус. Еден месец подоцна ми рече дека нема никакви генетски знаци за лабораториски манипулација.

Пред околу месец ипол, мој сениор колега кој е цивил, но е на ранг на бригаден генерал и работи во Министерството за одбрана, ми се јави и ми рече: „Роберт, сакам да престанеш да зборуваш за Мајкл Калахан. Тој не беше во Кина, тој лажеше, ние немавме персонал таму во тоа време“.

За мене, тоа е кревање на црвеното знаме. Тоа фактички значеше дека од високо владино ниво, од високо ниво на Министерството за одбрана, за кое сум работел со декади, ми велат да замолчам и дека тоа што сум го видел и чул не е вистина, односно не сум го видел и не сум го чул. Проблемот со тоа е што Мајкл беше на насловната страница на Science магазинот и има цел текст за фамотадин и за тоа дека Мајкл бил во Вухан во тоа време. Мајкл избега од Вухан, тоа го знам, пред да го затворат Вухан во каранантин, а избега со брод. Зошто? Затоа што немаше авторизација од страна на кинеската Комунистичка партија да биде таму. И што направија со него откако го „собраа“ со брод? Го однесоа на Дајмонд принцез крузерот да се справува со Ковид. И потоа се врати и работеше за Боб Кадлак… Дали ние сме инволвирани во тоа? Документите прилично јасно покажуваат дека gain od function research во Вухан се финансирани од НИХ и една од нашите одбранбени агенции, тоа се луѓе со кои блиску сум работел. Работата со gain od function research е што тоа се dual purpose research, а тие се тајни по својата природа бидејќи можат да бидат употребени за биолошка одбрана, но и за биолошка војна. Има и друг аспект на ова. Постои дупка во договорот за биолошка војна (меѓународен договор, н.з.). Тој договор е потпишан со СССР од страна на нашата влада и тој е последица на развојот на високо смртоносни вируси, бактерии, со еден збор – биолошки агенси кои би го сопреле блиц кригот и би ги сопреле Советите пред да стигнат до Британскиот канал. Тој договор ги забранува смртоносните агнеси. Тој не ги забранува тие кои можат да ве онеспособат. Тие не се блокирани. Луѓето со кои работам знаат дека таквите агенси се голема закана. Класичен пример се енцефалитис вирусите, еден вид вируси кои можеш да ги вдишеш, можеш да развиеш вакцини за нив, тие можат да бидат раширени во еден локален простор и ако ги вдишеш добиваш енцефелитис, добиваш мозочна инфекција. Тие не те убиваат, но толку си болен што не можеш да се бориш. Знаете, војните веќе нема да се водат како порано, туку со мали сили кои се поткрепени со дронови. Не се тоа големи тенкови, армии кои ќе се борат. Тоа е минато. Тоа се мали, високо обучени напаѓачки сили, кои ќе можат да се уфрлат и да заземат некоја тактичка цел, тактички објект, поддржани од дронови. Постои цел спектар на дронови. Овие агенси кои онеспособуваат можат да бидат фрлени од дрон и да бидат употребени стратешки за да ги неутрализираш заканите од непријателот во одреден регион и потоа можеш да ги уфрлиш твоите напаѓачки сили. Да одат и да прават тоа што треба да го направат.

Друга закана за која нашата влада е многу свесна е, дека, со разбирање, со осознавање на генетиката на одредена популација или раса, можеш, теоретски, да создадеш патогени кои селективно ќе ги напаѓаат различите етникуми. Тоа е новиот хоризонт. Тоа е новата реалност. Ова е тотално различен свет во кој биолошките агенси, дроновите, потоа медиумските манипулации, пропагандата, контролата, цензурата, се е интегрирано во полза на воспоставување на глобалната моќ. Имам пријатели адвокати кои ги погледнаа договорите за вакцините и рекоа: „Господе, што е ова? Тие си играат со владите низ светот.

Ако се погледне сето тоа одозгора, ќе се види дека пристапот до оваа нова технологија која овозможува брз одговор со брз развој на одредена вакцина, е за геополитички бенефит. Тоа е нов начин за наметнувње глобална политичка моќ. Земјите во развој и тие од Средниот исток знаат. Кина знае! Таа е сега зафатена обидувајќи се да склопи договор со Фајзер. Но работата е што мНРА технологијата, целта на таа технологијата не се овие вакцини. Овие вакцини се само почеток. МНРА технологијата овозможува брзо да се направат вакцини, а сето тоа базирано на генетската информација. И целиот процес на производство е стандардизиран. Додека кај регуларните вакцини е потребно долго време за да го развиеш процесот за производство на вакцина, овде само ја менуваш пораката што се носи до клектите, се друго, од хемиски аспект останува исто. И тоа овозможува тие да бидат направени мошне бргу. А тоа е персонализирана медицина, тоа е борба против канцерот, но и брз процес на создавање вакцини и тие вакцини да ги распределиш во некоја област. Да претпоставиме дека лошите момци, зборувам метафорички, ќе не нападнат со некој опасен патоген, во некоја област. Можеме да го секвенционираме тој патоген и да генеририраме вакцина, да ги заштитиме специјалните сили со нејзе и потоа да ги пратиме да ја завршат работата и да го направат тоа што треба да го направат. Тоа е една верзија на приказната. Другата верзија е дека самиот можеш да настапиш со некој агенс кој онеспособува, лесно е да направиш вакцини за луѓето кои ќе го рашируваат тоа… Ова е реалноста што е зад сето ова. И мора да се разбудиме.

КИРИЛЕНКО: Ви благодарам г-дине Малоун што не примивте на Вашата фарма и што одвоивте време за нас!