Канцеларот на Германија, Олаф Шолц во интервју за „Сарбрикер цајтунг“ изјави дека ќе ги поддржи строгите гранични контроли за ограничување на илегалната миграција.
– Генерално, имаме намера да продолжиме строго да ги контролираме германските граници. Сакаме да ја ограничиме илегалната миграција, како што најавив. Бројката мора да се намали, посочи Шолц.
Тој ја нагласи потребата од намалување на бројот на луѓе кои нелегално влегуваат во Германија и бараат азил без валидни причини. Шолц ги спомна и постоечките гранични контроли, како онаа на границата со Франција за време на Олимписките игри, што е во сила до 30 септември.
– Во моментов има постојани гранични контроли на копнените граници со Австрија, Швајцарија, Чешка и Полска за да се спречи илегалната миграција и да се бори против трговијата со луѓе.
Сегашните гранични контроли за Швајцарија, Чешка и Полска се очекува да останат во сила до 15 декември, а за Австрија до 11 ноември, наведе Шолц.