Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле телефонски разговараше со премиерот Косово, Албин Курти, пред денешната средба на високо ниво во Брисел, посветена на „итно формирање на Заедницата на српски општини“ (ЗСО).

– Имав многу добар разговор со премиерот Албин Курти за средбата за нормализација на односите со Србија, како дел од Дијалогот што се води под покровителство на ЕУ, за важноста од итно формирање на ЗСО и силно партнерство меѓу САД и Косово, напиша Шоле на Твитер.

Заедничката средба на Вучиќ, Курти, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, ќе почне во 18 часот.

Според соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на средбата ќе се разговара за имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, за кој Вучиќ и Курти постигнаа договор на 18 март во Охрид.

Се очекува страните да ја усвојат Декларацијата за исчезнати лица, која ќе биде прва точка на дневниот ред, по што ќе следи презентација и расправа за првиот нацрт-статут на Заедницата на српски општините со српско мнозинство во Косово, соопшти ЕЕАС.

По средбата предвиде на е изјава од Борел.