Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, објави дека на премиерот на Косово, Албин Курити, му рекол дека сега е време да се разговара за Заедницата на српските општини.
Шоле на Твитер, по вчерашниот разговор со Курти, напиша дека и Приштина и Белград треба да ги спроведат договорите што веќе ги потпишале преку процесот на дијалог, вклучително и формирањето на ЗСО.
„Разговаравме со премиерот на Косово, Албин Курти, пред средбата на лидерите во рамките на дијалогот со поддршка на ЕУ, за промовирање на нормализација на односите меѓу Србија и Косово. САД поддржуваат конструктивен состанок што ја потврдува посветеноста на двете страни на предлогот на ЕУ“, напиша Шоле на Твитер.
„Реков дека сега е време да се разговара за Заедницата на општините со српско мнозинство. И Косово и Србија треба да ги спроведат договорите што веќе ги потпишаа преку процесот на дијалог, вклучително и напредокот кон формирањето на ЗСО.