Шон Конери денеска го слави својот 90-ти роденден. Роден како Томас Шон Конери, во Единбург – Шкотска, а на многумина првата асоцијација за него им е Џејмс Бонд на кој тој му ја даде душата во далечната 1962 година.
Конери глумеше во многу култни филмови, како што се „Индијана Џонс“, „Робин Худ и принцот на ловот“ и многу други.
Награден беше и со Оскар за најдобра споредна улога, а добитник е и на два Златни глобуса и BAFTA награди.
Освен тоа, тој се здоби и со титулата „Најсексапилен маж“ која што ја доделува магазинот „People“, а интересно е тоа што тој тогаш имал 59 години.
Се венчал двапати во својот живот, со Дајана, со која што има син Џејсон и со Мишел со која што се уште е во брак.
Пред да се занимава со актерство тој работел разни професии, се занимавал со атлетика и бодибилдинг, а улогата за агентот „007“ била како создадеан за него.
Тој имаше чест да го создаде култниот лик Џејмс Бонд и прв ја изговори популарната реченица:
„My name is Bond, James Bond“, која што влезе во легендите.
Тој Бонд го толкуваше дури 7 пати, а потоа сакаше да се проба и во другите жанрови, во кои што немаше помалку успех од претходно.
Неговите улоги воглавно беа сериозни и секако восхитувачки.Конери е познат како голем хуманитарец, па целиот свој приход од снимањето на филмот „Робин Худ“, го дал во хуманитарни цели.Шон се повлече од светот на актерството уште во 2011-та година и моментално живее на Бахамите.