Ако детето е осамено и нервозно, купете куче

/ 25.08.2020

Според педијатрите од Центарот за развој на деца во Санта Моника, во Калифорнија, друштвеното оддалечување го нарушува квалитетот на животот на децата и ги прави поосамени, нервозни, исплашени.

– Пандемијата и придружните мерки кај многу деца предизвикуваат социјална траума, што се манифестира со силно чувство на несигурност, страв и вознемиреност. Несоница, кревко спиење, тешкотии при концентрирање, ненадејни испади на бес и лутина, тешкотии во решавањето на задачи – сѐ тоа е присутно. Во едно истражување кое опфати дури 1.646 домаќинства во Калифорнија, откривме дека во оние семејства каде што има и куче, малите деца имаат помала веројатност да имаат проблеми со однесувањето, објаснува психотерапевтката Мајра Мендез за „Пет магазин“.

Според неа, децата кои растат со кучиња имаат поразвиени социјални вештини. – Грижата за домашните миленици развива чувство на одговорност кај самото дете, а безусловната љубов ги прави помалку осамени и поотворени за разговор, додава таа.


Од истата категорија