Во Шпанија летово поради високите температури починаа повеќе од 6.000 луѓе, од кои повеќето се стари и болни, како и оние кои немаат средства да се заштитат од екстремните горештини. Во таа медитеранска земја минатото лето починаа најмалку 12.000 луѓе поради високите температури, соопштија од здравствениот институт Карлос Трети и Државната метеоролошка агенција.
Високите температури особено им се закануваат на постарите од 80 години и на посиромашните слоеви од населението кои немаат средства за набавка на климатизери, пишува Ел Паис. Според податоците на порталот за недвижности „Idealista“ за оваа година, 38 отсто од шпанските домови имаат клима уред, што е два отсто повеќе од претходната година.
Дури и во најжешките шпански провинции, речиси една третина од населението нема клима: во Кордоба 72 отсто од домовите ги имаат, во Севиља 71 отсто и во Мадрид 60 отсто. с